Дерек Чисора против Сенад Гаши

Дерек Чисора (29-9, 21 КО) првата борба по декемрискиот пораз со нокаут во реваншот со Дилиен Вајт ќе го одработи на 20 април во Лондон.

Поранешниот предизвикувач за титулата светски шампион во тешка категорија во О2 арена ќе боксира против Сенад Гаши (17-2, 17 КО). 28-годишен Косовар на истиот настан во Лондон на кој беше одржан реваншот Чисора и Вајт изгуби со нокаут од Карлос Такам.

На настанот ќе настапи и поранешниот „регуларен“ шампион на ВБА Лукас Браун (28-1, 24 КО). 39-годишниот Австралиец ќе се бори против домашниот боксер Дејвид Ален (16-4-2, 13 КО). 26-годишниот Англичанец во кариерата губел од Тони Јока, Дилиан Вајт, Ленрој Томас и Луис Ортиз.

Браун по единствениот пораз во кариерата со нокаут од Дилиен Вајт во март минатата година наниша три победи против послабите противници.

https://www.facebook.com/skysportsboxing/videos/2256210001095683/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО