Дош Сантос: Можам да ги нокаутирам сите

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Жуниор дош Сантос изјави дека може да ги нокаутира сите. Тој имаше впечатлив меч со Дерик Луис – Црниот ѕвер во Вичита. Борбата заврши во втората рунда со технички нокаут. Ова беше трета последователен успех за Бразилецот по неговото враќање во октагонот.

„Убеден сум дека можам сите да ги нокаутирам. Мислам дека никој не го завршил  така Луис. Знаев дека би можел да го сторам тоа. Бев свесен дека имам моќ. Најважно е да се биде смирен, да дејствувам правовремено, да најдам агли за напади и да удирам со сета сила. Претпоставув дека ќе го повредам во првата рунда, а во втората ќе го подигнам темпото и во исто време ќе внимавам“.

https://www.youtube.com/watch?v=caVD9HKlHeY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО