Мек Грегор е уапсен во Мајами!

Конор Мек Грегор синоќа е уапсен во Мајами по еден инцидент во кој му одземал и скршил телефон на негов фан.

Настанот се случил пред хотелот „Фонтејнблу Мајами Бич“. Во хотелот се наоѓа и познатиот ноќен клуб „Лив“. Мек Грегор со својот фан излегол пред хотелот околу 5 часот наутро, Ирецот збеснал кога видел дека фанот го слика, му го одземал телефонот, му го згазил и му го скршил, потоа го земал со себе и заминал.

Брзо бил уапсен од полицијата и е обвинет по неколку точки меѓу кои кражба на вредност проценета од над 1000 долари и недолично однесување. Тој ноќта ја поминал во притвор.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО