Валентина Димовски од Карате клубот Кидо карате на тренерот Ивица Гаџоски, во кадетска конкуренција во кати го освои второто место на „Австрискиот чемпионкуп 2016“, кој беше критериумски за австриската репрезентација за Европското првенство во Кипар за кадети, јуниори и У-21.
Да потсетиме дека Валентина е Aвстриjка со македонско потекло, која се бори за место во репрезентацијата на Австрија. Димовска во финалето загуби 3:2, но тоа била дискутабилна одлука. Во нејзината категорија настапиле 19 натпреварувачки од 15 клубови/организации од 5 држави.
„AUSTRIAN KARATE CHAMPIONSCUP 2016“ е интернационален турнир кој традиционално се одржува во Хард, Австрија. Учествуваа 600 натпреварвачи, од 128 клубови/ организации,18 држави.
„Моето мислење за финалето нема да го изнесам, зашто така, во најмала рака, ќе звучам субјективно. Најважно е дека си извлековме поука од нашиот настап и следниот пат нема да оставиме простор на победникот да се понадева ниту на едно знаменце! Генерално сум задоволен од пласманот, ако се земе во предвид дека формата не беше воопшто темпирана за овој турнир и настапот може да биде уште подобар. Во секој случај, одличен начин да се започне годината, во трката да го повратиме приматот во Австрија и, пред се, можноста да се докажеме на официјалните ВКФ натпревари“, изјави тренерот Ивица Гаџоски.
Тој објасни дека Валентина нема да патува на Европското, бидејќи во јуни мината година станала кадет и имала можност да учествува само на еден квалификациски турнир, каде што била петта, и на Државното првенство. На државнот била победена од третопласираната на СП во Џакарта.
„По СП девојката премина во јуниорска конкуренција и сега на Еропското првенство ќе оди второпласираната. Според мене, таа настапи во горниот дел од косистемот и без посебни тешкоти стигна до второто место.Се сомневам дека е вистинскиот избор. Секако дека ја има нашата поддршка, но секој резултат, за мене би бил пријатно изненадување. Да споменам и дека таа не оствари пласман изминатиов викенд, додека најдобро пласиран натпреварувач/ка во кати, од цела Австрија е токму нашата Валентина“, истакна Гаџовски.
На Гаџовски и Димовски фокусот ќе им биде насочен кон Austrian Junior Open и WKF Youth Cup во јуни и јули и австриското државно првенство во ноември.
Ipon.mk/В.Д.