Вајт: Возможно е наскоро да ја видам средбата Усман – Масвидал

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт потврди дека Камару Усман против Хорхе Масвидал е дуел за кој се дискутирало со мечмејкерите на најголемата ММА организација во светот. Усман е актуелен шампион на УФЦ во средна категорија. На Масвидал му беше доделен посебен БМФ/ BMF појас во ноември 2019 година. По се изгледа дека кариерите на двајцата мажи ќе се вкрстат во октагонот.

Вајт се појави во популарно шоу и потврди дека навистина планира да го резервира Усман против Масвидал.

„Обајцата ќе се борат во Вегас, и, ако Масвидал победи, би можел да ја направи првата одбрана за титулата во Мајами“. рече шефот на УФЦ.

Усман последен пат се бореше во декември 2019 година. Успешно го одбрани појасот во средна категорија против Колби Ковингтон во навистина возбудлив меч. Камару победи со технички нокаут во петата рунда. Масвидал е во неверојатна триумфална серија од три битки во кои цврсто се етаблира над своите противници. Тој слевеше против Нејт Дијаз, Бен Аскрен и Дарен Тил.

https://www.youtube.com/watch?v=A2_mJJCrcQ8&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON