Гегард Мусаси е подготвен да си ја врати титулата против Даглас Лима

Поранешниот првак на Белатор во средна категорија, Гегард Мусаши е подготвен да ја освои титулата. Неодамна стана јасно дека актуелниот шампион Рафаел Ловато ја става во мирување ММА кариерата затоа што има здравствен проблем кои може да го испратат во пензија. Од организацијата не се подготвена да му ја одземат титулата, но веројатно ќе треба да го направат тоа.

Даглас Лима, кој е шампион во лесна категорија, изрази желба да се бори за титулата во потешката категорија, ако биде испразнета. И Мусаси сака шанса да си го врати златото кое Ловато му го одзеде од минатата година. Гегард успеа да го совлада Лиото Мачида и сега ќе инсистира да се бори за појасот. На социјалните медиуми, Мусаси изрази желба да се бори против Лима или Солтер за титулата која Белатор треба да му ја одземе на Ловато.

„Белатор, дај ми ја следната жртва, затоа што сум гладен. Џон Солтер или Даглас Лима. Подготвен сум да се борам со којбило од нив“, изјави Гегард.

https://www.instagram.com/p/B3orD2bpnMt/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО