Вајт се интересира за рускиот „шлакаџија“ Василиј Хамотискиј !

Василиј Хамотискиј се пофали дека чека покана од Дана Вајт за УФЦ, , откако изјави дека сака да го пренесува рускиот шампионат во удирање шлаканици на својот веб-сервис.

Хамотискиј стана ѕвезда низ целиот свет откако стана руски шампион во удирање шлаканици на необичното натпреварување во неговиот роден Сибир. Фармерот од малото село Иљанскиј во Сибир неодамна доби брутален нокаут, но тоа не го намали интересот за него и необичната „активност“.

Наместо на Олимпијадите, шампионатот во удирање шлаканици најверојатно оди на УФЦ, откако Вајт изјави дека ги гледал видеата и дека е можно да се направи шоу меѓу натпреварувањата во УФЦ.

Овие момци удираат до крај! Човекот во црвено е шампионот и загуби првпат. Мислам да ги поканам на УФЦ, што мислите?“, напиша Вајт.

Русинот иако изјави дека не би влегол во УФЦ кафез бидејќи „тие момци удираат силно и ќе умрам“, сега вели дека е подготвен за предизвик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО