Вајт сака трилогија меѓу Волкановски и Холовеј (ВИДЕО)

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт сака трилогија меѓу Александар Волкановски и Макс Холовеј, но не е сигурен дали Волкановски би прифатил откако двапати го победи Макс.

Сепак, многумина веруваат дека Макс бил подобар во последната битка. Дури и претседателот на УФЦ го сподели тој впечаток.

Волкановски успешно ја одбрани титулата во перо категорија против Холовеј во реваншот на УФЦ 251 во Абу Даби.

Сепак, за разлика од првата средба, Волкановски се соочи со многу проблеми и беше соборуван во првите две рунди. Потоа добро се снајде во последните три рунди, но мечот беше многу оспоруван и според некои Холовеј го направи она што беше потребно за да ја заслужи победата.

„Келвин Катар само што се бореше. Јаир Родригез има закажан двобој. „Зомбито“ исто така има закажан меч. Ортега и Забит … сите имаат борби во наредните месеци“, рече Вајт и додаде: „Ќе видиме што ќе се случи. Може да му дадеме реванш на Макс – да се бори по трет пат. Мислам дека сите би се согласиле.

Сепак, сигурен сум дека на Волкановски нема да му се допадне оваа идеја. Тој веќе два пати го победи. Не сум разговарал со него за тоа. Но, дефинитивно ќе треба. Ќе видам што ќе се договориме“.

Волкановски би рекол дека ниту медиумите, ниту навивачите, ниту претседателот на УФЦ не се судија, а самите судии ја пресудија борбата во негова корист. Но, во исто време, како шампион, не треба да остане со сомнежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON