Хабиб на 24 октомври се враќа во октагонот

Хабиб Нурмагомедов ја закажа наредната борба за октомври, а противник ќе му биде главниот предизвикувач Џастин Гејтџи.

Информацијата ја потврди претседателот на УФЦ, Дана Вајт, а борбата треба да се одржи на 24 октомври и тоа ќе му биде прва битка по најтешката година, зашто неодамна остана без татко му.

Хабиб некако собра сили да се врати на тренинг по тешката загуба, а веќе почнаа подготовките за следниот меч.

Нурмагомедов во кариерата нема пораз во 28 борби, додека неговиот ривал има 22 победи и два порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО