Вајт сака да се бори со Фјури или со Чар

Британската боксерска ѕвезда во тешка категорија Дилиен Вајт сака да се бори со двајца конкретни ривали. Тој ги спомна Тајсон Фјури и Мануел Чар за негови следни противници. Во саботата вечерта Вајт го победи Џозеф Паркер во драматичен меч.

„Чар го поседува појасот на Светската боксерска асоцијација. Ќе биде убав меч за титулата. Тој е добар боксер, кој е подготвен да се бори. Друго е прашањето дали ќе побара да се сретне со мене. Освен тоа, го имаме Фјури. Тој е шут. Зборува дека сака да се бори со Вајлдер, но се моли на ум да не се случи тоа. Пореално е да се бори со мене. Ако се согласува, можеме да направиме борба во декември“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО