Усик не сака да го вовлекуваат во политиката

Украинскиот боксер Александар Усик не сака да биде вопвлечен во политиката. По неговата победа над Мурат Гасиев во Москва и освојувањето на Светската боксерска суперсерија и Трофејот Мухамед Али, Усик беше подложен на жестока критика во татковината поради недостаток на доволно патриотски чувство.

Нешто повеќе – тој беше наречен „кукавица“ од голем број на влијателни личности за тоа што не го искористил моментот, за да упати некакво политичка порака од рингот среде Москва. Русија и Украина практично се во состојба на воен конфликт, а односите меѓу двете земји се исклучително затегнати по анексот на Крим.

„Ако со извици „Слава на Украина“ може да ги кренам пензиите и да го вратам мирот и насмевките на луѓето, тогаш нема да престанам 24 часа да трештам на цел глас, но тоа нема да се случи“, се бранеше Усик на прес-конференција во Киев. Тој се откажа и од орденот „Херој на Украина“, како реакција на нападите врз него во татковина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО