Вајт најави можен меч за привремен првак во тешка категорија

Борецот во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану, пред неколку дена беше опериран на коленото, најавувајќи нешто подолго закрепнување.

Предаторот може да паузира шест до девет месеци, во зависност од чувствителноста на повредата.

Изминативе недели многу се зборуваше за можна борба во која би се добил привремениот шампион, како лани кога Сирил Гане го победи Дерик Луис, па доби шанса да се бори за титулата.

Постои голема можност УФЦ повторно да направи сличен потег. Но, кој би можел да добие шанса за тој меч.

Секако на првото место е Стипе Миочиќ, а тука е и Џон Џонс кој се уште го чека дебито во тешка категорија.

Искусните Кертис Блејдес и Дерик Луис дефинитивно го следат овој меч, а новите сили Том Аспинал и Таи Туиваса секако ја бараат својата шанса.

„Можно е да организираме уште една борба за привремен шампион, само треба да видиме колку долго Нгану ќе биде надвор од машината“, изјави Дана Вајт и додаде:

„Ако му требаат девет месеци да се опорави, тоа значи дека би можел да има една година пауза помеѓу двете борби. Во тој случај ќе организираме меч за привремениот шампионски појас“.

Стипе Миочиќ е на второто место во тешка категорија и сигурно бара меч и победа која би му дала можност повторно да се бори за титулата.

И не би имал ништо против неговиот противник во привремениот меч за појасот да биде Џон Џонс.

Но, на крајот, УФЦ ќе одлучи на кои борци би можеле да им дадат шанса да се борат за привремената титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО