Вајт: Конор разбира зошто му ја одземаме титулата. Можеби никогаш нема да се врати

Дана Вајт потврди дека УФЦ ќе му ја одземе титулата на Конор Мек Грегор во лесна категорија.

29-годишниот Ирец појасот гоосвои со нокаут во втората рунда против Еди Алварез во ноември 2016 година, а ниту еднаш не ја бранеше титулата, како што ниту еднаш не ја бранеше и титулата во перолесна категорија.

Во разговор за ТМЗ претседателот на УФЦ рече дека веќе тоа го изјавил на прес-конференција за УФЦ 223 кој ќе се одржи во Њујорк на 7 април. Хабиб Нурмагомедов и привремениот шампион Тони Фергусон ќе се борат за слободната титула.

„Ова е она што го реков на последната прес-конференција дека оваа борба ќе биде за титулата, а не за привремена титула“.

Запрашан дали тоа значи дека на Мек Грегор ќе му биде одземена титула, тој одговори: Тоа е точно.

Вајт изјави дека „Ноториус“ разбира зошто УФЦ се одлучил на тој потег.

„Дали е возбуден? Не, Конор разбира. Конор заработи многу пари, сака да направи мала пауза, но натпреварувањето во категоријата мора да продолжи и работата мора да продолжи“.

Претседателот на УФЦ изјави дека би сакал Ирецот да бори со подобриот од пресметката на Нурмагомедов и Фергусон, но исто така и најави дека постои можност Мек Грегор никогаш повеќе да не се бори.

„Прво рече дека би се вратил во август, потоа во септември. Јас постојано зборувам:  Кога ќе заработите толку пари … Конор можеби никогаш нема да се врати. Тоа се многу пари“.

Вајт изјави и дека Флојд Мејведер не е прерговори со УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО