Вајт: Ќе го нокаутирам Вајлдер само поради неговото однесување кон тренерот!

Дионтеј Вајлдер беше брутално нокаутиран од Тајсон Фјури на 22 февруари. Така, Вајлдер остана без појасот во супертешка категорија на ВБЦ, забележувајќи го првиот пораз во кариерата. Во седмата рунда тренерот Марк Бреланд ја фрли крпата прекинувајќи го тепањето на Вајлдер од Фјури. По мечот Вајлдер го понижи Бреланд не дозволувајќи му да влезе во соблекувалната.

Уште еден британски боксер, Дилиен Вајт е еден од предизвикувачите во ВБЦ верзијата, но тој е подготвен да се бори и против Вајлдер, иако Американецот во моментов нема титула светски шампион. Тој му се закани на Вајлдер дека ќе го нокаутира само поради односот спрема тренерот, нешто што според него не треба да биде дозволено во професионалниот спорт.

„Марк Бреланд беше светски шампион. Губеше мечеви, бил нокаутиран и добро го познава Вајлдер. Сите во тимот само му климаат со главата, но Бреланд е голем професионалец. Треба да му се даде медал, а не да се однесуваш кон него на таков начин. Поради тоа не го почитувам Вајлдер и затоа сум убеден дека ќе го нокаутирам побрзо од тоа што го направи Фјури. Ќе го нокаутирам само поради неговото однесување спрема тренерот“, изјави Вајт. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON