Израел Адесања: Каков коронавирус? Добив маларија осум пати!

Шампионот во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања не е загрижен за епидемијата на коронавирус што го мачи светот. Нигериецот тврди дека развил имунитет на сите вируси, затоа што осум пати боледувал од маларија и преживеал.

Во текот на викендот ќе се соочи со поранешниот предизвикувач Јоел Ромеро во главната борба на УФЦ 248 во Лас Вегас.

„Колку луѓе станаа жртви на коронавирусот? А колку се болни? Се дига вештачка галама околу оваа болест. Да, јас исто така ставив маска на аеродромот, но на крајот на краиштата јас сум човек кој осум пати имал маларија. Имам малку поразлично генетика.

Не ме сфаќајте погрешно, не го потценувам коронавирусот, но тој не ме интересира. Маларија е најсмртоносен вирус во историјата, така? Целата оваа врева за коронавирусот е преголема“, рече Адесања.

Интернет-корисниците веднаш му се спротивставија. „Штом си имал маларија осум пати, тоа значи само дека седум пати не си бил доизлекуван, не дека имаш силен имунитет“, напишаа на Нигериецот запознаени со заразната болест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО