На Дилиен Вајт (27-1, 18 КО) и Александар Поветкин (35-2-1, 24 КО) добија нов датум за да се борат за титулата привремен шампион во тешка категорија на ВБЦ.
Јамајканецот ќе ги ризикува појасот и позицијата на задолжителен предизвикувач на Тајсон Фјури во мечот со 40-годишниот Русин на 8 август на плати па гледај настанот што ќе се одржи на во седиштето на Мечрум бокс во Брентвуд во британската провинција Есекс, во сопственост на семејството Херн.
На настанот ќе има и борба меѓу светската шампионка во лесна категорија Кејти Тејлор и светската првенка во седум тежиниски категории Аманда Серано.
Двете борби првично беа закажани за овој месец во Манчестер, но се одложени поради пандемијата на коронавирусот.
Серијата настани наречени „Фајт камп“ ќе почнат на 18 или 25 јули и ќе се одржат четири саботи по ред.
Поветкин и Серано се единствените борци надвор од Велика Британија кои треба да настапат на овие настани.
Да се одржи борбата Поветкин-Вајт на овој начин е поисплатливо отколку да се води борба меѓу Александар Усик и Дерек Чисора, кои исто така бараат нов датум.
„Вајт и Поветкин и вака би имале помал приход од влезниците во Манчестер, а трошоците за одржување на настанот ќе бидат помали“, рече Еди Херн.
„Ова сега ќе биде дел на еден од четирите настани што ги одржуваме надвор. Споредено со трошоците за изнајмување на Манчестер арена и хотели и летови на овој начин ќе заштедиме пари. Покрај тоа, ја скратуваме програмата од 10 на 5 борби, така што нема да има неусогласеност, без борби во 8 рунди против некои момци што штотуку ги донесовме, тоа ќе бидат вистински борби“.
„Се надеваме дека за осум недели ситуацијата нема да биде вака тешка. Ова го планираме како воена операција“.