Ѓуро Илиќ: Побрза консолидација за реализација на програмата и експанзија на реалното аикидо

Овие три месеци спортот е во целосен застој, па затоа се почесто се поставува прашањето како да се продложи. Забраната за движење се укина, но се уште нема одбрение за тренирање, како што беше најавено, прво во поединечните спортови. И покрај ова, некои федерации и стручњаци покажаа инвентвиност и ги анимираа членовите да вежбат во домашни услови. Една од тие федерации е Федрацијата за реално аикидо на Македонија предводена од мајсторот Ѓуро Илиќ. Со видео материјали, фотографии, нацрти и онлајн комуникација ги држеа активни членовите.

Со првиот човек на федерацијаат разговарвме за периодот што следи.

Како го пребродивте овој период на коронавирусот?

Во постојан контакт со тренерите, голем дел од клубовите меѓу кои прeдначеше КРА Нико, изведуваа онлајн тренинзи (со цел да се одржи некој  континуитет), работејки пред се специфични вежби за загревање, движења, падови и техники за оние членови кои што беа во можност да работаат во домашни услови со „партнер“. Исто така беше прифатена сугестијата членовите самоиницијативно да работаат аеробни вежби  со цел да ја одржат а и да ја подобрат физичката кондиција…

Секако, во склоп на оваа ситуација и беше секојдневна обработка на техники  (на Фејсбук), прво преку фотографии, а потоа и преку видео клипови-успорени, со цел полесно да се разбере суштината на изведувањето на техниките…

Од она што можеше да се види на социјалните мрежи промовиравте основни техники за вежбање дома. Како беше прифатено сето тоа од учениците?

Сметам дека тоа беше одлично прифатено, за тоа говори и фактот што ако еден ден немаше објавено нов клип, веднаш голем дел од нив се јавуваа да прашаат кога ќе има нова техника. Гледаноста на секој клип на дневна основа беше над 400 гледања, што саметам дека е солидна бројка.

Од друга страна, промовиравте видео материјали на кои се прикажува практичната примена на реалното аикидо на улица. Кога се направени овие материјали? Кој се учествуваше во реализацијата? Каков е повратниот ефект? Дали подготвувате нешто повеќе?

Тоа беа инсерти од моето второ ДВД издание за реален аикидо „101 реал аикидо техника“…снимено во 2015 год. Во него учествуваа членови на КРА Пелистер од Битола. Целта беше уште еднаш да се истакни повеќестраната коирист  од вежбањето реал аикидо. Бенефитот од ова е што повеке училишта во државата се заинтересирани за проектот „101 училиште на реален аикидо”-кое нешто е приоритетно за реализација за поголема експанзија на реалното аикидо во нашата држава.

Инаку да на споменам дека во фаза на подготовка се две ДВД изданија за реален аикидо, кои ќе бидат готови во почетокот на септември.

Се укина полицискиот час, донесени се протоколите за тренирање во поединечните спортови… Кога и како планирате да почнете со работа? И што ќе им препорачате на клубовите и на спортистите?

Мое мислење е дека би требало да започнеме со работа во почетокот на јуни. Тука, пред се, мислам во спортските сали и се надевам дотогаш ќе имаме попрецизни протоколи – покрај основните: често миење на раце, односно дезинфекција, носење на маска и прописна дистанца, бидејки реалниот аикидо е контактен, како и сите боречки спортови и вештини…

На клубовите би им препорачал што побрза консолидација во овие летни месеци (се разбира согласно прецизно пропишаните протоколи-кои со нетпрпение ги очекуваме), со цел да стратуваме во почетокот на септември со реализирање на поголемиот дел од програмските активности (чие одржување заради пандемијата ги одложивме). Пред се, мислам на семинари и натпревари во форми и во реал аикидо (кои треба да стартуваат од крајот на септември), како и полагањата за појаси.

Бидејќи пандемијата ја поремети нормалната работа, ќе имали промени во однос на зацртаните активности за оваа година?

Сметам дека ќе треба да направиме рестрикција. Тоа ќе го направиме, меѓутоа да не биде на штета на големиот број на аикидисти кои и во овој период се подготвуваа и  со нетрпение го очекуваат започнувањето на оваа скратена сезона.

Во нормални услови летниот период беше за релаксирање на работата, сега поради новонастаната ситуација ќе мораме повеќе акцент да ставиме врз рабтењето токму во овој период, се надевам дека во прилог, покрај тренирањето во салите (согласно протоколите), ќе биде и работата во природа.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО