Мек Грегор прифаќа борба со легендата Андерсон Силва (ФОТО)

Легендарниот Андерсон Силва е најстариот УФЦ борец со 45 години. Иако во последните осум борби има шест порази, поранешниот шампион во средна категорија не планира да се пензионира и бара нов противник.

Како потенцијален следен ривал се шпекулира името на Конор Мекгрегор, Ирецот кој неодамна објави дека Андерсон Силва е најдобриот борец во историјата.

Силва брзо реагираше со цел да се обиде да иницира голема борба во категоријата до 80 килограми.

„Имам голема почит кон одличен спортист каков што е Конор и мислам дека нашата борба би била во историјата на овој спорт. Ниту еден од нас нема повеќе што да докаже. Мислам дека УФЦ фановите и фановите на спортот воопшто сакаат да го гледаат тој спектакл. Би бил тоа фантастичен тест на моите вештини против него“, рече Силва.

Веднаш дојде и краток коментар од Мекгрегор кој го прифаќа предизвикот.

„Прифаќам, напиша 31-годишниот ирски борец на неговиот Твитер профил.

https://www.instagram.com/p/CAtp1NPAVjj/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО