Дилиен Вајт (23-1, 17 КО) со леснотија го нокаутира во Лондон претходно непоразениот поранешен шампион на ВБА, Лукас Браун (25-1, 22 КО).
38-годишниот Австралиец влезе во мечот со 120 килограми и беше многу тромав и спор. Покрај тоа, се бранеше многу лошо, па Вајт го погаѓаше речиси со секој упатен удар.
Веќе во првата рунда лондонскиот Јамајканец неколку пати го погоди со тешки удари, а до крајот на четвртата рунда лицето на Браун беше потечено и крваво.
Цврстата брада конечно падна во шестата рунда кога Вајт со лево кроше го заби на подот. Браун остана да лажи и медицинска помош му се укажуваше околу десетина минути пред да се подигне на нозе.
Вајт за време на борбата не дивееше и му даде можност на моќниот удирач со еден удар да го реши мечот во негова корист.
Вајт го одбрани сребрениот појас на ВБЦ во овој натпревар, прв е на ранг-листата на ВБЦ и се очекува да стане следниот задолжителен предизвикувач на шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер.
Вајт го има истиот промотор како Ентони Џошуа, Мечрум боксинг.
https://youtu.be/kZMwmbXU9zw
.