Вајлдер за новината дека Фјрури е заразен со Ковид-19: Сега страдам заради него

Дионтеј Вајлдер е бесен на откажувањето на закажаната трета борба против Тајсон Фјури на 24 јули. Бронзениот бомбардер го обвини „Кралот на Ромите“, тврдејќи дека, спротивно на уверувањата на неговиот промотор Боб Арум, тој не зел втора доза на вакцината против Ковид-19.

„Иста работа – тој направи нешто погрешно и јас страдам од тоа“, рече Вајлдер.

И неговиот менаџер Шели Финкел го коментираше откажувањето на битката.

„Дионтеј ја заврши својата работа. Тој зел две дози од вакцината, како и членовите на неговиот камп. Тој беше подготвен за борба. Фјури е виновен што не го направи тоа како што треба да го направи“, рече менаџерот на поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија.

Според првичните информации, мечот на Фјури со Вајлдер конечно е одложен за 9 октомври. Местото на одржување ќе остане исто – Т-Мобиле арената во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON