Вајлдер: Во тешка категорија не ви треба вештина ако сте силни како мене

Дионтеј Вајлдер мисли дека Ентони Џошуа има добри шанси за победа против Владимир Кличко, од истата причина поради која победуав во неговите борби.

„Џошуа има висина и има снага“, рече ВБЦ шампионот за време на конференцискиот разговор за борбата Џошуа-Кличко.

„А во тешка категорија вештина не ви е потребна. Кога ја анализирате тешката категорија мора да ја елиминирате вештината. Дури на мене и не ми треба вештина. Додека ја имам мојата сила,а тоа е она што ја прави тешката категорија, јас сум во игра. Во играта влегувате кога имате таква сила и имате нешто што ќе ве враќа во игра без обѕир на се. Можеби никој нема сила како што имам јас“.

„Џошуа и Кличко на почетокот ќе треба да имаат мал мечувчки меч, за да се почувствуваат еден со друг. Ако Џошуа сака да биде успешен дефинитивно мора да се движи и да бара агли и да биде паметен, бидејќи Кличко е многу паметен. Поминал се. Има одличен преден директ и се обидува да ве навлече. Неговите интелегенција ќе игра голема улога. Но, Џошуа не е флексибилен. Не е ателта. Нема таква координација бидејќи е вкочанет. Но, дефинитивно има големи шанси во оваа и со нестрпление очекувам што ќе се случи“.

31-годишниот Вајлдер беше критикуван поради дупките во боксерските основи, а злобниците коментираат дека не ти треба вештина ако ги избегнуваш легитимните противници. Но, од професионално деби во ноември 2008 година, со резултат 38-0 во 97 проценти ги завршено мечевите со нокаут.

Џошуа исто така не се смета за врвен техничар, а тој 18 противници, а најсилни имиња во оваа листа се Чарлс Мартин и Дилијан Вајт.

Интересен е коментарот на Ерик Молина, кој се бореше со двајцата. Вајлдер го нокутира во деветата рунда, а Британецот во третата рунда.

Рече дека Вајлдер навистина силно удира, но дека го видел секој негов удар како доаѓа. Вели дека лесно го читал говорот на телото на Вајлдер поради начинот на кој го менуваше правецот, како и изразот на лицето. Вели дека ги видел сите негови удари.

Од друга страна, Џошуа ги сокрива, не открива што ќе се направи и тогаш одеднаш  ќе добие силен удар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО