Вајлдер стигна за мечот на Фјури помпезно облечен

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, пристигна во Белфаст за да го гледа во живо претстојниот дуел меѓу поранешниот првак Тајсон Фјури и Франческо Пијанета во саботата спроти недела по македонско време.

Американецот ќе почека Фјури да се справи со противникот, а потоа да излезе на рингот и да придонесе за анимација на навивачите зај потенцијалниот судир меѓу нив. Уште минатата недела Вајлдер најави дека нема да се занимава со Ентони Џошуа и неговите напори се фокусирани на потенцијален нареден дуел токму со Фјури.

Нивните промотори ја прифаќаат извонредната шанса за организирање на таков дуел кој би бил многу популарен, не само за британските и американските фанови, туку може да и конкурира по популарност ина најголемите битки во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО