Вајлдер: Со Кличко тешката категорија е многу досадна

Шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Дионтеј Вајлдер, им скокна на поранешниот светски првак кај тешките Владимир Кличко и на неговиот брат Виталиј.

„Тие се свесни дека поради нив тешката категорија стана досадна. Сакам да го вратам претходниот сјај на нашата тежинска категорија. Мојата главна цел е да ги обединам титулите. Дури кога сите појаси се во еден носител, тогаш борбите меѓу водечките боксери ќе станат интересни, а токму тоа го сакаат луѓето“,- изјави Американецот.

Американските експерти прогнозираат цел со намера во зборовите на Вајлдер. Најверојатно, ќе се обиде да го предизвика победникот од дуелот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО