Вајлдер се расплака сеќавајќи се на Причард Колон

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер (43-2) не можеше да ги задржи емоциите за време на прес-конференцијата. Вајлдер се соочи со медиумите по победата со нокаут над Роберт Хелениус во Њујорк. „Бронзениот бомбардер“ победи со тежок нокаут во првата рунда.

Вајлдер пред медиумите не ги криеше солзите при спомнувањето на Причард Колон. Во 2015 година Колон се бореше со Терел Вилијамс, кој повеќепати недозволено го удира Колон во задниот дел од главата. Како резултат на тоа, Колон стана доживотен инвалид.

„Моето срце е со Хелениус и се надевам дека се ќе биде во ред со него и дека ќе се врати со семејството. Луѓето секогаш зборуваат за рекорди… велат „Изгуби, тој е глуп“ и сето тоа. Добро, тогаш качи го задникот во рингот.

Тоа беше ужасен нокаут. Дали тоа ќе влијае на неговото здравје? Запомнете го Причард Колон. Немал деца… никогаш нема да знае како е да се биде татко, а тоа е најстрашното нешто на светот.

Никогаш нема да има нормален живот. Сакаше да се грижи за своето семејство, но сега семејството треба да се грижи за него до крајот на неговиот живот“, изјави Вајлдер низ солзи.

Тоа е доста интересен пресврт за Вајлдер. Во последните години постојано зборуваше дека сака да убие човек во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО