Вајлдер се подготвува за мечот со Фјури: Се уште не сум го видел така желен некого да го скрши

Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури требаше да боксираат на 24 јули, но мечот беше одложен бидејќи неколку недели пред настанот Кралот на Ромите и дел од неговиот тим се заразија со коронавирус. Борбата е закажана за 9 октомври.

Тренерот на Вајлдер, Малик Скот верува дека „Бронзениот бомбардер“ ќе биде целосно подготвен за судирот против Фјури кој му го одзеде шампионскиот појас на ВБЦ во тешка категорија во седмата рунда минатиот февруари.

„Никогаш не сум го видел Вајлдер толку гладен, има страшна желба за реванш. Го интересира само боксот и борбата против Фјури. Никогаш не сум го видел толку подготвен и желен да скрши некого“, рече Малик Скот и додаде:

„Воопшто не е важно што средбата беше одложена. Она што ме загрижува повеќе е дека имаме работа со личност за која е докажано дека е ментално нарушен. Кој знае дали Фјури ќе се појави на мечот“.

Борбата во октомври ќе биде нивна трета пресметка. Во првиот дуел во декември 2018 година борбата помеѓу Вајлдер и Фјури заврши нерешено, а Бронзениот бомбардер го задржа појасот на ВБЦ, но минатата година му беше одземена титулата од Ромскиот крал. Тоа беше последна борба на Дионтеј Вајлдер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО