Кубански боксер за златен медал нагрден со паршок, зејтин, колбаси, тиква…

Делегацијата на Куба беше една од најпријатните изненадувања на Олимписките Игри летово во Токио. Кубанците направија дар-мар со освоени 15 медали од кои дури 7 златни медали, 3 сребра и 5 бронзи.

Голем дел од овие медали за Куба ги освоија боксерите, препознатлив спорт за оваа земја. Блеснаа Енди Круз, Хулио Ла Круз, Арлен Лопез и Рониел Иглесијас. Тука беа и борачите во римско-грчки стил Лазаро Алварез, Михаин Лопез и Лоперз Алберто Орта.

Но во прв план денес е една фотографија од кубански боксер кој освоил златен медал на младинските Панамерикански Игри во Мексико во бокс. Ронис Алварез освоил злато откако ги совладал сите противници, а државата за возврат „го премирала“ со основни прехрамбени продукти и средства за хигиена. Како награда за неговиот спортски успех со кој ја прославил Куба.

Оваа фотографија ја шкоирала Куба и поголемиот дел од Латинска Америка. Особено бурно реагирала опозицијата во земјата која рекла дека е срамен и недоволен односот на државата кон младите спортисти и дека премиерот на Владата, Мигел Дијаз-Канел треба да се преиспита себеси.

За разлика од нив, има земји кои не жалеа средства за своите медалисти, па така на пример Сингапур беше рекордер со неверојатни 746.000 долари (635.000 американски долари) за секој поединечен освојувач на златен медал.

На младиот кубански боксер Рони Алварез му преостанува да напредува до светска или олимписка титула за да се види дали државата ќе знае соодветно да го награди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО