Вајлдер се освести од нокаутот и му честиташе на Фјури

Дионтеј Вајлдер по втор пат загуби со нокаут од Тајсон Фјури во нивната епска триологија за појасот светски шампион во ВБЦ верзијата. 

Американскиот боксер при поразот во неделата наутро имаше целосно неспортско однесување, бидејќи не сакаше да му честита на ривалот и кратко му рече, „не те почитувам“.

Неколку дена подоцна, очигледно Вајлдер се освести од нокаутот што го доби во 11.рунда во Лас Вегас, реши да се огласи на социјалните мрежи и да го признае поразот од големиот ривал.

„Најпрво сакам да му се заблагодарам на Бог што ми дозволи да му дадам на светот уште еден дел од мене, што е понесен со пасија и одлучност. Сакам да им се заблагодарам на мојот тим и на моите фанови, кои останаа крај мене во овој долг процес. Би лажел ако речам дека не сум разочаран од исходот, но ако се навратам на целото патување, сега знам дека тоа што сакал Бог да го искусам и далеку поголемо од она што јас очекував да се случи. Не дојдовме до победата, но еден мудар човек еднаш кажа, победите се во лекциите. Научив дека некогаш треба да загубиш за да победиш. Иако сакав да победам, уживав гледајќи како победија навивачите. Се надевам дека докажав дека сум воин и вистински крал во овој спорт. Се надевам дека покажавме дека и покрај сите предизвици можеш да станеш да живееш и да се бориш за она во што веруваш. На крај сакам да му честитам на Тајсон Фјури за неговата победа и да му се заблагодарам за историските моменти кои ќе останат засекогаш“, напиша Вајлдер на социјланите мрежи.

Веднаш потоа се јави и самиот Фјури, кој кратко искоментира, „најдобра триологија на сите времиња“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО