Конор Мек Грегор шеташе по улиците на Рим и направи голема гужва (ВИДЕО/ ФОТО)

Големата ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, деновиве престојува во Рим и го искористи убавото време да прошета низ градот со својата свршеница Ди Девлин.

Ирецот уште еднаш покажа колку е популарен, а неговата прошетка низ главниот град на Италија ги изненади фановите.

Конор беше придружуван од четворица телохранители на прошетка низ улиците на Рим.

Необичниот гостин привлече големо внимание од случајните минувачи. Интересно е и како некој цело време чувал чаша коктел за него.

Конор исто така го искористи слободниот ден во Рим за шопинг, а беше опкружен со обожаватели кои го следеа цело време.

Телохранителите имаа многу работа бидејќи минувачите сакаа што поблиску да се доближат до ѕвездата на УФЦ.

Погледнете како изгледаше во видеото и галеријата објавени од Конор Мек Грегор на неговиот Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО