Дионтеј Вајлдер (САД) директно го предизвика официјалниот кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет во тешка категорија, Александар Поветкин (Русија). Американецот се уште нема ривал за следниот меч, кој треба да се одржи на 16 јануари во Њујорк.
„Веќе немам време за губење, подготвен сум да се борам со него, но тој сакаше меч за загревање со Мариуш Вах. Сака шест месеци, за да се подготви. Нема потреба од толку. Требаат најмногу два месеца. Сакам на сите да им е јасно дека не го избегнувам Поветкин“, рече Вајлдер.