Вајлдер пак го откачи Џошуа: Имам борба за која зборуваат сите

Дионтеј Вајлдер нема намера да влезе во ринг со Ентони Џошуа додека не го направи реваншот со Тајсон Фјури. Вајлдер и Фјури имаа одличен дуел што заврши без победник, шампионскиот појас го задржа Американецот. Поради гласните реакции на јавноста Вајлдер размислува за нова борба со Фјури, наместо со Џошуа за обединување на титулите.

„Не гледам зошто би се борел со Џошуа, тоа би било глупаво од моја страна. Сега веќе имам борба за која сите зборуваат, јас и Фјури мораме да имаме реванш за да го затвориме тоа поглавје. Тоа беше контроверзна судиска одлука, јас мислам дека јас требаше да победам, тој и неговите фанови го мислат спротивното, затоа мораме да ја повториме битката, тоа е единствената правилна одлука“, истакна Вајлдер.

Американскиот боксер и по борбата со Фјури даде слична изјава,порачувајќи му на Џошуа дека премногу одолговлекувал кога му се нудела борба со него, па сега ќе треба тој да почека да мине реваншот меѓу Вајлдер и Фјури.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON