Дионтеј Вајлдер долги години успеава да ја зачува титулата во тешка категорија во верзијата ВБЦ. Непоразениот Американец во 43 борби дури 41 доби со нокаут, а само еден меч не успеа да добие, оној од декември 2018 година кога противник во рингот му беше Британецот Тајсон Фјури.
Но, оваа недела, поточно во сабота бронзениот бомбардер повторно ќе влезе во рингот против „Кралот на Циганите“, а со евентуална одбрана на титулата би го потврдил статусот на едена од кралевите во тешка категорија.
Но, животот на Американецот надвор од рингот е уше поинтересен. Во изминатите 12 години направи многу со цел да се стекне со милионите, а никогаш не се откажал од кариерата само заради неговата ќерка, која од раѓање се бори со тешко пореметување на рбетниот столб и и беа потребни скапоцени третмани за да може да почне да оди.
Вајлдер ќерката ја доби со неполни 20 години. Беше во голем страв, но заради неа не се откажа од кариерата.
„Лекарите рекоа дека никогаш нема да оди и дека ќе нема можност да учи. Сакаа мојата поранешна девојка Хелена да ја прекине бременоста. Тоа беше страшно искуство, особено кога знаеш дека детето доаѓа и има пореметување. Бев малд, животот беше пред нас, а потоа добив голема одговорност за цел живот. Лекарите нудеа абортус, но одлучивме да се роди и фала му на Бога тоа беше исправна одлука“, изјави Вајлдер.
Лекарите погрешиле во проценката, бидејќи неговата ќерка има потешкотии со одењето, но во друго ништо не заостанува.
„Не само што оди, таа и трча. Таа е една од најпаметните девојки на училиште, многу е интелигентна и зрела“, откри Американецот за својата најстара ќерка од осумте деца.
Дионтеј има четири различни жени, а моменто е во врска со Тели Свифт со која наскоро ќе биде во брак и со која има едно дете.