Вајлдер: Нема што да загубам, притисокот е на Фјури

Поранешниот светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, рече дека целиот притисок во претстојната трета борба со Тајсон Фјури паѓа врз Британецот.

Тие ќе се соочат во раните утрински часови во неделата (по македонско време), а средбата ќе се одржи во Лас Вегас, САД. Вчера, 33-годишниот Фјури и 35-годишниот Вајлдер присуствуваа на последната прес-конференција пред средбата.

За разлика од првата прес-конференција, овојпат Бронзениот бомбардер одговараше на прашања и беше многу позборлив од неговиот последен медиумски настап за судирот.

„Немам кому да му докажам нешто“, арогантно изјави поранешниот носител на златно-зелениот појас.

„Се наоѓам во одлична форма и одличен период од кариерата. Опкружена сум со прекрасни луѓе кои цело време се грижат за мене. Нема што да загубам.

„Овој меч е моја одмазда, мојот долгоочекуван реванш. Тензијата е целосно врз него. Нема што да загубам. Многу луѓе мислат дека работите што ги кажав по мечот се лаги, но сето ова е вистина (извинување за поразот). И кога човек ја знае вистината, тоа го ослободува психички“, додаде Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО