Вајлдер најде замена за Поветкин

Valjder ostra faca

Тренерот и менаџер на светскиот шампион во супертешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, Џеј Зи најави дека, ако поради некоја причина не се одржи борбата меѓу неговиот пулен и задолжителниот предизвикувач за титулата, Александар Поветкин, следниот противник на Американецот ќе биде шампионот во ИБФ верзија, Чарлс Мартин.

„Јас не сум сигурен што ќе биде понатаму, но се надевам дека наскоро ќе можам да ви кажам. Мислевме дека ќе се бориме со Поветкин, но од неговиот тим побараа одложување на мечот, за да може Александар подобро да се подготви. Тие го побараа тоа, не ние.

Потоа ние го насочивме вниманието кон Гласков, но тој одлучи да се бори за испразнетата титула на ИБФ со Мартин. Па на крајот се дојде до борбата со исто така тежок левак, Артур Шпилка.

„Што ќе се случи во иднина? Ако се решат работите со Поветкин, ние сме подготвени да се бориме со него, како што бевме подготвени и порано. Ако не, тогаш ние ќе сме среќни, да се сретнеме со Чарлс Мартинс во обединувачки меч“, изјави Џеј Зи во интервју за World Boxing News.

https://youtu.be/R_Vr61nTuyA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО