Миочиќ му врати на Вердум, погледнете ја целата препирка

stipemiocic-gFejsbuk (1)

Твитер препирката што синоќа ја почна Фабрицио Вердум нарекувајќи го Стипе Миочиќ дека е одличен пожарникар доби свое продолжение. Изгледа дека и Миочиќ не му остана должен и ја искористи оваа можност да му понуди на Бразилецот нов датум за нивната пресметка.

Прво Вердум му порача на Стипе дека ќе се бори протин него во секое време, но и мисли дека тој е одличен пожарникар, со што, на некој начин, ги омаловажи неговите боречки вештини.

Набрзо по тоа се огласи и Миочиќ: „ОК Фабрицио, ајде да се бориме за време на викенд кој паѓа на Меморијален ден. Дури ќе ти дозволам за време на парадата да се возиш со мојот појас во противпожарното возило“.

„Добро. Уште како дете сонував да поседувам пожарникарски појас“, одговори актуелниот шампион, на што се надоврза Стипе со тоа оти мислел дека тој е тој кој бил лошо во „валканото зборување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО