Вајлдер му испрати договор на Руиз – сега тој е на потег

Дионтеј Вајлдер изгледа е решен да го организира својот боксерски меч со поранешниот светски шампион во тешка категорија Енди Руиз Јуниор. Малик Скот, агентот на Американецот, му откри на Мајкл Бенсон дека веќе подготвил и испратил договор до тимот на Мексиканецот, а сега се чека неговиот одговор.

„Топката е на негов терен. Ајде да го запечатиме“, коментира Скот.

Гласините од изминатите неколку недели се дека тие двајца може да се соочат во август. Сепак, времето истекува доколку „Бронзениот бомбардер“ сака да учествува во мултимилионскиот проект во Саудиска Арабија во декември, во кој ќе учествуваат и Ентони Џошуа, Тајсон Фјури и Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО