Вајлдер: Луѓе жалам, Џошуа не изигра; Херн: И пративме договор пред 9 дена

Двете страни ја обвинуваат онаа другата поради застојот на преговорите за борбата Џошуа-Вајлдер.

Во меѓувреме ВБА му даде рок од 24 часа на Британецот да се договори за задолжителната одбрана на титулата против Александар Поветкин или ќе остане без појасот.

Промоторот на Џошуа Еди Херн за се ја обвинува американската страна.

„Не може многу повеќе да направиме. Мислам дека Ентони е фрустриран затоа што луѓето може да помислат дека тој е оној кој не сака да се бори. Тој ја сака оваа борба повеќе од билошто“, изјави Херн за Скај спорт.

„И испративме договор пред девет дена. Не очекуваме дека мора да го потпишат, но може да дадат свое мислење. Да, ја сакам борба, мојот борец ја сака борбата и го добивме договорот, и би одговориле во рок од 24 часа. Овде нема неикаква смисла“.

Шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, преку Твитер го изнесе своето видување за ситуацијата.

„Јас и мојот тим ги знаеме сите можни отстапки. Прифативме се што ни фрлија само за да дознаеме дека таа пичка ми се плаши. Три месеци возрасни луѓе одеа на чај, а тие не го покажаа ниту британското гостопримство и не не понудија колачиња со чај. Сите овие серења ги напишав за да ви кажам што се случуваше и за да ви се извинам. Луѓе жалам, не изиграа. Еби ги нив. Одиме понатаму, иднината се уште е светла, 51-0 бејби. Одиме“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО