Дејан Георгиевски: Денеска направив голем подвиг, сребро на Медитеранските игри не е мала работа!

 

„Денеска направив голем подвиг, по златниот медал на Европското првенство во 2017 година ова ми е втор најголем успех“, изјави носителот на сребрениот медал од Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, Дејан Георгиевски.

„Искрено, атакував на првото место, но, ете, се случи да бидам втор. Што, секако е одличен резултат. Го победив Иван Трајковиќ од Словенија кој е актуелен третоплаисран на Светското првенство. Потоа во полуфиналето го совладав Французинот Јоан Минге од кој изгубив на Европското првенство во Русија оваа година. Имав одлични борби, но во финалето загубив од домаќинот. Шпанецот Даниел Рос имаше една борба помалку од мене, тоа во фул контактен спорт како таеквондото значи многу. Но, што е тука е, сребро на Медитерански игри не е мала работа. Сакам да се заблагодарам на сите кои ме подржуваат, особено на моите тренери кои ми пружија вистинска подготовка за овие Медитерански игри. Одиме понатаму во нови големи успеси за Македонија и овој олимписки спорт“, рече Георгиевски за Ипон.мк.

Резултати
+80 кг
Дејан Георгиевски – Матео Милани (Италија) 24-13
Дејан Георгиевски – Иван Конрад Трајковиќ (Словенија) 30-28
Дејан Георгиевски – Јоан Алексанре Мингe (Франција) 19-18
Финале
Дејан Георгиевски – Даниел Рос Гомез (Шпанија) 9-24 (0-6, 6-8, 3-10 и 0-0)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО