Вајлдер ќе ја брани титулата во февруари

valder-gleda-nastrana

Светскиот шампион во тешка категорија во верзијата на Меѓународниот боксерски совет (ВБЦ/WBC) Деонтеј Вајлдер ќе се врати на рингот за дуелот против предизвикувачот од Полска – Анджеј Вавжик. Средбата е закажана за 25 февруари во „Легаси арена“.

Вајлдер немал меч од јули па наваму, кога си ја скрши десната рака и скина мускул во бицепсот при победата над Крис Ареола. Овој меч беше прекинат по осмата рунда.

Вајлдер, роден во Алабама, е непоразен во 37 средби како професионалец, а само еден еден не е со нокаут. Вавжик загубил само еднаш од 34 дуели на професионалниот ринг.

https://youtu.be/dchCXeYbLNw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО