Вајлдер и Дилиен во борба за местото предизвикувач? На претседателот на ВБЦ му се допаѓа идејата

Боксерскиот спектакл меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури за обединување на титулите ќе биде најголемиот спортски настан оваа година. И за да бидат работите уште подобри, британските борци и нивните тимови потпишаа договори според кои тие мора да одржат два меча во 2021 година.

Претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман ја поддржа идејата победникот од можниот дуел меѓу Дионтеј Вајлдер и Дилиен Вајт да стане следниот предизвикувач во борбата за апсолутен светски шампион.

„Ми се допаѓа идејата, ние сме апсолутно за таа борба. Ќе одлучиме по 27 март кога Вајт ќе има меч со Поветкин. Ако победи, тој ќе биде привремен шампион и во добра позиција“, изјави Маурицсио Сулејман.

Сопственикот на Мечрум бокс и промоторот на Џошуа, Еди Херн исто така немаше ништо против за тој дуел:

„Веќе некое време се зборува за нивниот потенцијален меч и тоа е добра идеја. Сега е шансата таа борба да се организира кога Вајлдер загуби.

Дилиен Вајт во моментов се подготвува за реванш против Александар Поветкин. Рускиот напаѓач го победи британскиот борец со нокаут во петата рунда во август минатата година.

Последната борба Дионтеј Вајлдер ја имаше минатиот февруари против Тајсон Фјури кога загуби со технички нокаут во седмата рунда и остана без шампионскиот појас на ВБЦ.

Во последно време се зборува за можна борба меѓу Бронзениот бомбардер и Енди Руиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО