Вајлдер: Фјури има дупки во меморијата

Шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, на шеговит начин одговори на предизвикот од страна на Тајсон Фјури да се борат без ракавици на улица во центарот на Њујорк.

„Ова е стандардниот Тајсон Фјури. Најсветлите моменти во неговата кариера беа нокдауните во нашиот меч. По средбата имаше потрес. Видно ја загубил меморија штом не се сеќава како паднал во рингот. Не ги сфаќајте сериозно работите што ги зборува. Тој си ги заборава сопствените зборови“, рече Вајлдер.

Првиот меч меѓу Вајлдер и Фјури нерешено. Британецот веднаш го откажа реваншот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО