По двајца боксери на турнирите во Мостар и Приштина

Македонија ќе настапи со двајца боксери на 15.Меѓународен младински турнир во Мостар,Босна и Херцеговина.

Тренерот на репрезентацијата Мирко Ристевски во Мостар отпатува со Елес Асанов и Хурмет Јонузов.

Минатата година на овој турнир од трoјцa наши боксеридвајца се закитија со медали, Сереген Демиров го освои сребрениот медал, а Хурмет Јонузов го освои бронзениот, бидејќи имаше директен пласман во полуфиналето каде што загуби.

Исто така овој викенд во Приштина ќе настапат уште двајца наши боксери на Меѓународниот турнир „Лах Нимани“, а тоа се Алми Рочи и Рамон Казимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО