Вајлдер е разочаран, затоа што од аголот ја фрлиле крпата (ВИДЕО)

Дионтеј Вајлдер (42-1-1, 41 КО) го забележа својот прв пораз во кариерата и ја загуби светската титула во бокс во тешка категорија во долгоочекуваниот реванш со Тајсон Фјури (30-0-1, 21 КО), од неговиот агол ја фрлија крпата.

„Кралот на Циганите“ победи со ТКО по тотална доминација на рингот против „Бронзениот бомбардер“, кој два пати беше испратен во нокдаун, па дури и по првиот во третата рунда се чинеше неурамнотежен и исцрпен.

 Американецот жали што од аголот решиле предвреме да го извлечат од понатамошни физички повреди и со тоа го лишиле од можноста да се обиде да направи пресврт со впечатливата десна рака.

„Добро сум, се случуваат вакви работи. Подобриот борец победи денес. Но, мојот тим, луѓето со мене … сакав да ме оставеа да ја завршам битката. Бев подготвен да заминам на носилки, јас сум борец и тоа е работата Имав многу проблеми пред овој меч, ногата не ми беше во ред, многу работи ми се случија, но не барам изговор.Тој (Тајсон Фјури) го направи тоа како што требаше и немам изговор, ќе се вратам посилен“, рече веќе поранешниот светски шампиона на ВБЦ, кој не успеа во рекордна 11-та одбрана на појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО