Тајсон Фјури е крал на тешката категорија, славеше со ТКО против Вајлдер

Тајсон Фјури (30-0-1, 21 KO) е крал на тешката категорија.

Го совлада Дионтеј Вајлдер (42-1-1, 41 KO) во реваншот со прекин во седмата рунда, откако во третата рунда се најде во нокдаун, прв во неговата кариера, се друго беше агонија и измачување за него. Во петата рунда уште еднаш се најде во тешка позиција и беше на стаклени нозе.

Фјури тргна силно уште од првата рунда, тоа го изненади Вајлдер, а од третата ја изгуби и силата Фјури цврсто беше решен да го заврши да покаже кој е број еден во тешка категорија.

По детроинизирањето на Владимир Кличко во 2015 година, на Тајсон успеа и втор пат да го направи истото и да ги остави Американците без шампион во тешка категорија.   

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО