Дионтеј Вајлдер го прифаќа предизвикот на Ентони Џошуа да се сретне со него за обединување на сите четири појаси во тешка категорија. Промоторот на „Бронзениот бомбардер“ Шели Финк изјави за Телеграф дека екипата на Американецот е подготвена дури и на борба на територијата на Велика Британија. Од изјавата станува јасно уште дека штабот на Вајлдер е согласен добивката да се дели 40-60 во корист на Џошуа, а најдобра опција за мегаспектаклот е стадионот Вембли, а втора опција е Лас Вегас.
'WE WANT IT' 🇺🇸Deontay Wilder accepts 🇬🇧Anthony Joshua terms of 60/40 purse split and is ‘ready to fight in UK this summer’ #Boxing #JoshuaWilder #DeontayWilder #Tuscaloosa #TopHeavyweights #Heavyweights #HeavyweightBoxing #Heavyweight #boxeo #boxen #boxe #boks #boksen pic.twitter.com/c4JUpsCulN
— Top Heavyweight Boxing (@TopHeavyweights) April 2, 2018
„Задоволни сме што Џошуа за првпат објави дека во следната борба сака да се сретне со Вајлдер. Сакаме и јавно да објавиме дека Дионтеј го сака овој дуел и сме подготвени да дојдеме не само за преговори, туку и да потпишеме договор и да го организираме мечот во Обединетото Кралство. Дионтеј е подготвен за ова лето.
Нема да има никакви пречки овој дуел да се случи, бидејќи обединувачите мечеви секогаш поголемо значење од задолжителната одбрана, па ниедна федерација нема да го попречува нашите планови. Ако и тие се подготвени за овој судир, како што тврдат, да го направиме тоа ова лето.
Уште во ноември минатата година зборувавме да организираме не еден, туку два дуели, идејата беше Херн да упати конкретна понуда за парите, но оттогаш не се во контакт со нас“, рече Финк, кој противречи на тврдењата на Еди Херн дека од штабот на Вајлдер дек аникогаш не ги изразиле желба го контактираат со него за да преговораат.