Вајлдер: Ако дојде до прилика за борба со победникот од реваншот меѓу Руиз и Џошуа, очекувам Фјури да се потргне

Дионтеј Вајлдер верува дека доколку му се укаже шанса да се бори против победникот во реваншот меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз, Тајсон Фјури ќе се откаже од реваншот со него.

Британецот веќе еднаш го одложи договорениот реванш со Американецот откако потпиша договор со Топ ранг и ЕСПН и наместо со Вајлдер се бореше со Том Шварц.

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија е подготвен во ноември по втор пат да се бори против Луис Ортиз, а потоа во февруари да го одработи реваншот со Фјури, доколку тој го победи Ото Валин.

33-годишниот Американец вели дека откако двапати се нашол на подот во нивната прва борба, всушност Фјури не сака реванш. Тој смета ако има можност да се бори против победникот на реваншот меѓу Мексиканецот и Британецот дека „Кралот на Ромите“ и покрај постоечкот договор лесно ќе му овозможи да се бори за неоспорен шампион, а дури потоа повторно да влезе во рингот со него.

„Во тој случа, би сакал да се потргне настрана, а мислам дека ќе го направи тоа во секој случај“.

„Мислам дека би, но и јас би барал од него да ми ја даде борбата за неоспорен шампион. Еден шампион, едно лице, едно име. Никогаш не ми излезе од памет. Мислам дека и Фјури не сака повторно да се бори со мене… Ако се укаже оваа прилика, мислам дека Фјури ќе ја пропушти својата можност и ќе сака да се борам во мечот за обединување, а дури потоа да се сретнам со него“.

„Не е тој никаков крал, тој нема титула. Му ја оживеав кариерата. Нема на што. Ако дојде до прилика за борба со победникот од реваншот меѓу Руиз и Џошуа, очекувам Фјури да се потргне“.

Последен неоспорен шампион во тешка категорија беше Ленокс Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО