Вајлдер: Ако Џошуа и неговиот тим се паметни, ќе ја прифатат понудата од 50 милиони долари

Од тимот на светскиот шампион на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) Дионтеј Вајлдер (САД) му понудија 50 милиони долари на Ентони Џошуа за обединувачки меч на светските титули во тешка категорија.

Британецот, исто така, ќе добие 50 отсто од заработките од оваа средба.

Џошуа кој има 21 победа во 21 меч на професионалниот ринг, од кои 20 со нокаут, ги држи шампионските појаси во верзиите на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Светската боксерска асоцијација (ВБА), Меѓународна боксерска организација (ИБО) и Светска боксерска организација (ВБО).

„Таков меч ќе има“, рече Вајлдер.

„Ако Џошуа и неговиот тим се паметни, ќе ја прифатат понудата и тоа многу брзо“, додаде Американецот кој доби сите 40 дуели на професионалниот ринг, од кои 39 со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО