Вајлдер 14,5 килограми полесен од Бризил (ВИДЕО)

Во Њујорк со одржа мерењето за борбата за титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Дионтеј Вајлдер (40-0-1, 39 КО) вообичаено беше полесен од неговиот противник. Во деветата одбрана на титулата влегува со 101,3 килограми, додека предизвикувачот Доминик Бризил (20-1, 18 КО) имаше 115,8.

Вајлдер е речиси пет килограми потежок отколку за последната борба со Тајсон Фјури.

Пред Вајлдер и Бризил во рингот ба Баркли центарот ќе влезат првакот на ВБЦ во перолесна категорија Перлас Гери Расел Јуниор. и Шпанецот Кико Мартинез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО