Менаџерот на новиот светски шампион во супертешка категорија во ВБЦ/WBC верзија, Дионтеј Вајлдер, најави дека неговиот клиент не се брза да ја одржи борбата за обединување на титулите со шампионот во другите престижни верзии, Владимир Кличко.
„ Вајлдер е како дете кое штотуку проодува во шампионските битки, тоа беше првата негова таква борба“ , изјави Шели Финкал во интервју за Tuscaloosa News.
– Има време за обединување на појасите, има време за сите овие работи. Тој може да отиде во Русија и да се бори со Поветкин за 10 милиони долари. Може да направи уште неколку средби, да се бори во Алабама. Дозволете му да се развие како спортист“, додаде менаџерот на Вајлдер.
http://youtu.be/UAr8qsWTzqI