Вајалдер: Борбата со Поветкин ќе биде поголема од Мејведер-Пакијао!

deontay-wilder-ev

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Американецот Дионетј Вајалдер (29), ги коментира очекувањата од мечот против Алексанадар Поветкин (35).

„Ако се одржи оваа борба, таа ќе е многу голема. Тешката категорија е кремот на боксот и само овој факт ја прави оваа средба позначајна од битката на Мејведер против Пакијао“.

Поветкин го победи со нокаут во првата рунда Мајк Перес, со што стана официјален кандидат за титулата на Вајалдер. Се очекува двајцата боксери да започнат преговори за одржување на нивниот меч во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО