Вадим Немков и Англикас се соочија пред Белатор 268

Овој викенд Белатор се враќа во игра со уште еден настан. Скот Кокер и неговите луѓе ќе заминат за Аризона каде ќе се одржи Белатор 268. Во главната борба шампионот во полутешка категорија, Вадим Немков, ќе се бори со Јулиус Англикас.

Нивната битка ќе биде полуфиналето на турнирот во категорија. Првично, Немков требаше да се бори со Ентони Џонсон, но тој се повлече поради здравствени проблеми. Така Англикас се приклучи како резерва по кратка најава.

Во коглавниот меч поранешниот шампион во категоријата Рајан Бадер ќе се сретне со Кори Андерсон во другата полуфинална средба. Двојките од турнирот во тешка категорија одржаа отворени тренинзи и се соочија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО